Едно истражување покажа дека ова се факторите кои предвидуваат дали сакате да бидете успешни или не…
Веројатно имате прилика да сретнете многу успешни жени, а веројатно и сами сте успешни, без оглед дали како студент или во деловните потфати. Но што е она што на жените им дава можнoст да изградат „killer“ кариера?
Во изминатите неколку децении бројот на жени на висока функција прилично порасна, но сепак, дамите и понатака во помал број се на топ позициите. Што е тоа што жените ги спречува да дојдат до највисоките менаџерски функции? А што е тоа што неколку дами ги донело до врвот?
Неодамна е направена студија од страна на компанијата „Caliper“ која се занимава со регрутирање на таленти, која ги истражуваше личните особини и карактеристики кои ги красат 85-те најуспешни жени. Еве што е издвоено:
1. Агресивност: Способност јасно и директно да кажат се што мислат.
2. Агресивност: Во смисла на борбено залагање и конструктивно делување.
3. Емпатија: Слушање и разбирање.
4. Силно его: Самодоверба и успешно надминување на предизвиците.
5. Енергичност: Ентузијазам и грижа за себе (да, тоа подразбира и доволно сон).
6. Толеранција на стрес: Познавање на начин да се опуштат.
Ова истражување исто така истакна дека најголемата препрека со која се соочуваат жените чија кариера е во подем, е чувството на вина поради тоа што не поминуваат доволно време со семејството. Освен тоа, жените често се соочуваат со неопходноста да ги надминат машките колеги за тие да ги сфатат сериозно, како и со недостатокот на поддршка во семејството, кога се ангажирани на позиции кои бараат многу од нив.