Современите електронски системи сочинуваат 40 проценти од цената на новото возило.
Компјутерската технологија во последните неколку децении направи огромно влијание врз автомобилската индустрија.
Едноставно, таа ни овозможи да имаме најразлични електронски системи за безбедност и помош во новите модели, како и современи мултимедијални системи. Сето ова ги направи автомобилите побезбедни, побрзи, поефикасни и поудобни за возење.
Сепак, подобрувањата што се воведуваат кај патничките возила со секоја нова генерација, исто така, влијаат на финалната цена на автомобилот.
Сеопфатната анализа на Deloitte, објавена од Car and Driver, покажува дека електрониката во новиот автомобил сочинува околу 40 проценти од неговата пазарна цена.
За споредба, пред 20 години, кога електронските системи за вбризгување на горивото и ABS и ESP системите станаа вообичаени во новите автомобили, тој удел изнесуваше само 18 проценти.
Deloitte пресмета дека цената на компонентите што го сочинуваат електронскиот систем на едно возило е зголемена за скоро третина во последните седум години и дека ќе ќе зголеми двојно до 2022 година во однос на 2013 година.
Експертите проценуваат дека порастот на цената на електронските компоненти во новите автомобили по 2022 година нема да биде експоненцијален туку ќе забави, така што во иднина новите генерации на возила би можеле да бидат само малку поскапи од нивните претходници.