![Изгор цени: Лежалка и чадор во Грција по цена од 80 евра](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8d/1830eed8-resize-820x0x100.jpg)
Рекордно високите температури несвојствени за месец мај викендов измамија голем број грчки државјани да излезат по двомесечниот карантин поради пандемијата со коронавирусот на плажите покрај морето.
Под посебни услови и протоколи Грците ги исполнија речиси сите организирани плажи, но имаше и такви кои останаа празни поради високите цени.
Така жителите од Атина, се гневни на цените кои биле побарани за користење на лежалките и чадорите покрај морето. Имало плажа на која за две лежалки и чадор требало да се плати дури 80 евра, па истата останал речиси празна.
Повисоките цена сопствениците на лежалките ги правдаат со наметнатите дополнителни правила и трошоци за организирање на редот за посетителите. Покрај намалениот број на гости, секој пат кога ќе се ослободат лежалките тие мора одново да се дезинфицираат, а персоналот мора да носи заштитна опрема маски…