Ќе биде воведен викенд без ДДВ, најави денеска премиерот Оливер Спасовски, објавувајќи го третиот сет економски мерки, кои беше одобрен од Владата, а кој се однесува на директна парочна помош за граѓаните. На прес-конференцијата, тој истакна дека ова се прави со дел да се поттикне потрошувачката пред се на домашни производи, од домашни компании.
-Преку пониски цени поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство, изјави Спасовски.