Лав
Без оглед на потешкотиите, мај ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност.
Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба, парите за брзо време ќе се дуплираат.
Што се однесува до емотивните односи, во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни, како резултат на затемнувањето на Сонцето. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост.
Проблематичните врски и бракови ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение.
Девица
Ќе дојде до големи промени и трансформации во вашето опкружување. Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено после 10 јуни, а ќе бидете и соодветно наградени.
Покрај работата со која се занимавате, ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Вашите претпоставени, како и членовите на семејството можат да ви бидат од голема помош за реализирање на приходите.
Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на овој месец, околностите нема да бидат многу јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми.
Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно. Оние кои се во врска би можеле да наидат на одредени препреки кои ќе ги доведе до преиспитување на своите емоции.