Пандемијата на коронавирусот го смени скоро секој аспект на животот, од начинот на кој работиме до начинот на кој трошиме и со тоа направи милиони работни места да бидат „неупотребливи“.
Сепак, вирусот исто така создаде побарувачка за нови работни места. Додека компаниите размислуваат како да ги вратат своите вработени во канцелариите на најбезбеден начин, многумина ангажираат луѓе да мерат температура и да помогнат во процесот на тестирање за коронавирус.
Поради виртуелните свадби и работни состаноци, на видео платформите има отворени работни места за поддршка.
„Во минатите рецесии, имавме пораст на работните места за наплата на долгови и советници за банкрот“, рече економистката Џулија Полак, додавајќи дека коронавирусот предизвикал катастрофа во јавното здравство што создал цел спектар на нови работни места потребни за борба против болеста.
Еве осум работни места чијашто популарност расте и ќе продолжи да го следи тој тренд во следниот период.
1. Трагачи на контакти
Барателите на контакти ќе ги контактираат лицата кои се потенцијално заразени со коронавирус за да им дадат совети и да се обидат да организираат тестови. Работата обично може да се изврши од дома, скратено работно време или со полно работно време.
Заработката е до 25 долари на час.
2. Лабораториски техничари за Ковид-19
Овие работници ќе спроведуваат брисеви во болници, старечки домови, фабрики и канцеларии. „Овие можности се отворени за многу луѓе кои се подготвени да инвестираат во обука за вештини“, рече Полак, додавајќи дека овој бизнис ќе расте уште повеќе додека не се отворат сите фабрики и компании.
Платата може да достигне до 45 долари на час.
3. Covid-19 негуватели
Постои зголемување на побарувачката за негуватели кои се грижат за заразените. Се разбира, луѓето ќе сакаат да ги земат предвид ризиците по сопственото здравје заради овој вид на работа.
Платите обично одат до 25 долари на час.
4. Мерачи на температура
Аеродроми. Спортски стадиони. Ресторани. Училиштата. Компании. За време на пандемијата, на сите овие локации треба да има работници кои ја проверуваат температурата пред посетителите да можат да влезат.
Саатницата може да достигне до 25 долари.
5. Службенини за спроведување на законот
Градовите ќе вработуваат службени лица и луѓе кои им помагаат на службениците да ги следат тужбите против граѓаните кои не го почитуваат социјално растојание и другите мерки воведени заради вирусот, рече Полак.
Нивниот труд се плаќа до 30 долари на час.
6. Производители и монтери на прегради
Компаниите и училиштата ќе треба да инсталираат плексиглас и штандови ако сакаат да добијат студенти, работници и клиенти на безбеден начин. Како резултат, треба да има голема побарувачка за луѓе кои можат да создадат и да монтираат структури.
Платите можат да достигнат до 20 долари на час.
7. Производители на маски за лице
Луѓето, како што стојат работите сега, би можеле да носат маски за лице долго време. Според некои предвидувања, побарувачката за производители на маски ќе се зголеми. Полак очекува дека компаниите наскоро ќе ги пречекаат своите вработени со маски со логото на компанијата на нив. Тие, исто така, може да се продаваат на спортски настани и концерти, рече таа.
Луѓето кои прават маски се плаќаат до 18 долари на час.
8. Експерти за поддршка на Zoom
Бидејќи наставниците се прилагодуваат на виртуелните училници и лекарите вршат скрининг преку интернет, се зголемува потребата за техничка поддршка за видео платформите. „Постои голема побарувачка за луѓе кои можат да помогнат во олеснување на видео состаноците“, рече Полак.
Саатницата може да достигне до 25 долари на час.