Јапонската влада ќе започне програма за поддршка на обновата на туризмот вредна 18,2 милијарди долари, а една од мерките е државата на туристите да им плаќа половина од патните трошоци.
Шефот на јапонската туристичка организација, Хироши Табата, најавил дека државата ќе се обиде да привлече туристи во таа земја така што ќе им плати половина од патните трошоци, а програмата за поддршка на туризмот би требало да почне од јули, ,пренесува “Daily Mail”.
Изјавата на Табата уследила откако јапонскиот премиер Шинзо Абе ја укинал вонредната состојба воведена поради кризата.
Абе рекол дека укинувањето на вонредната состојба не значи дека кризата е завршена.
Слична мерка вовела и Сицилија, каде локалните власти им плаќаат на туристите половина од вредноста на авионската карта и една ноќ во хотел.
Абе рекол дека укинувањето на вонредната состојба не значи дека епидемијата е завршена.
Слична мерка вовела и Сицилија, каде локалните власти им плаќаат на туристите половина од вредноста на авионската карта и една ноќ во хотел.