Аеродром во Луксембург нуди бесплатно тестирање откако ги отвори редовните летови од минатиот петок. Како што пренесува chronicle.lu, земјата има стратегија за тестирање на патниците кои доаѓаат.
Сите патници кои во Луксембург ќе стигнат по воздушен пат ќе добијат ваучер којшто важи седум дена за да се тестираат во медицинска лабораторија по свој избор. Алтернативно на аеродромот ќе биде поставен Ковид-19 центар за тестирање, за оние кои ќе сакаат веднаш да се тестираат. Резултатите од тестирањето ќе бидат доставени по електронски пат, а во случај на позитивен резултат ќе се применув стандардна политика на самоизолација.
Ова е пилот проект којшто ќе важи месец дена. Аеродромот во Луксембург е прв аеродром што нуди бесплатно тестирање на самиот аеродром или на други локации за тестирање во земјата.
На почетокот на мај аеродромот во Виена воведе тестирање, но по цена од 190 евра.