Дали сте знаеле дека цената на популарното кафе на Старбакс се разликува во скоро 16.000 продавници ширум светот?
Страницата finder.com направи споредба на цените на популарното кафе на Старбакс конвертирајќи ги сите износи во американски долари.
Според оваа платформа, жителите на Данска плаќаат најскапа цена за овој топол напиток – 6,05 долари. Швајцарија е на второто место на меѓународно ниво со цена за едно Latte од 5,94 долари, а Финска е на третото место со 5,40 долари.
Германија се наоѓа на деветтото место на оваа листа – овде едно Latte чини 4,39 долари.
Најевтиното кафе се продава во Јужна Африка и неговата цена изнесува 1,72 долари што е околу 90 денари.
Кога станува збор за Европа, споредбата на finder.com Покажува дека кафето во северна Европа, т.е. во Данска, Шведска и Финска (просечно 6,35 долари за Latte) е за 20 центи повисока отколку во западна Европа (просечно 6,05 долари за Latte), додека цените во јужна и источна Европа се пониски. Ова е приближно во согласност со трошоците за живот во овие области.
Изненадувачки е што САД се наоѓа на шеснаесеттото место на ранг листата на finder.com со само 4,30 долари за едно Latte.
Според истражувањето, големо капучино во просек чини 2,75 долари, додека во скапата метропола Њујорк истото чини 3,25 долари. Но сепак, таму се уште чини помалку отколку во Минхен и Берлин – иако Њујорк е познат како скап град.
Кафето на Старбакс е исто така скапо на Блискиот исток каде големото Latte се продава за 7 долари во Саудиска Арабија, а во Азија, па дури и во Јужна Америка, споредбата на цените покажува дека кафето е поскапо отколку во САД.
Годишниот финансиски извештај на Старбакс за 2019 година покажа дека компанијата заработила приближно 26,5 милијарди долари за 365 дена.