Турската национална авиокомпанија започна кампања за специјален попуст на цените на билетите за здравствените работници за даим се заблагодари за нивната храбра борба со пандемијата на коронавирусот.
Turkish Airlines објави дека сите здравтвени работници ќе добијат попуст од 40 проценти на цените на авионските билети, пренесува агенцијата Анадолија.
Медицинските работници ќе можат да купат билети и за уште тројца сопатници по намалени цени преку веб страницата на Turkish Airlines или преку мобилната апликација.
Заинтересираните за оваа понуда треба да се регистрираат на веб страницата на авиокомпанијата, а билети по намалени цени ќе можат да купат од денес до 1-ви август, а да истите ќе може да се искористат до 31 мај 2021 година.