На 6-ти јули вработените во Google ќе се вратат во канцеларија, но со многу измени и ограничувања.
Во меморандумот испратен од вработените оваа недела кој стигна и до Бизнис Инсајдер, извршениот директор Сундар Пичаи рече дека ручеците ќе бидат дистрибуирани во поготвени кутии, а вработените ќе бидат подложени на проверки на температура и нема да има пристап до фитнес центарот и капсулите за релаксација.
Исто така, ќе има промени и во самиот распоред на канцелариите, осигурувајќи дека има растојание од 2 метри помеѓу столиците на места како што се конференциските сали и кујните.
Маските ќе бидат задолжителни и истите ќе ги обезбеди компанијата. Дополнително, ќе има и различни времиња за пристигнување на работа за да се спречи групирање.
Покрај тоа што се збогуваат со заедничките ручеци, на вработените нема повеќе да им се нуди појадок или вечера.
Пинчај во мај најави дека објектите на компанијата ќе работат со ограничен капацитет, само 10 проценти од вработените засега, а 30% до септември. Тој повтори дека тие што работат од дома, ќе можат и натаму да продолжат со тоа до крајот на годинава.
Компанијата неодамна им понуди на сите вработени 1.000 дилари кои можат да ги потрошат на опрема за да ги подобрат своите домашни канцеларии. Исто така, Google понуди и виртуелна обука и часови за полесно прилагодување на работењето од дома.