На страната Reddit се појави едноставен трик со кој ќе ги тргнете рекламите од YouTube. И навистина функционира, барем досега, додека YouTube не поработи на тоа.
Се што треба да направите е да ставите точка зад “.com”. Освен што оваа финта ги отстранува огласите кои се покажуваат во текот на видео записот, ги отстранува и рекламните прекинувања сред видеото. The Verge пишува дека URL со точка повеќе функционира ако го залепите во нов инкогнито прозорец, но корисниците на Reddit тврдат дека функционира и со едноставен refresh на прозорецот во кој сте.
Значи почетниот дел на линкот би требало да изгледа вака – https://www.youtube.com./watch…
Оваа тема на Reddit веднаш привлече големо внимание (повеќе од 5000 реакции), па се очекува дека YouTube брзо ќе дознае за овој пропуст и ќе го санира.
А исто така, вреди да се нагласи дека приходот од огласот им помага на креаторите на содржината да продолжат со она што го работат. Разните блокатори на огласите, како што е овој линк им ги зимаат тие ресурси. Но доколку навистина ви сметаат рекламните прекини сред видео, секогаш постои опција да преминете на YouTube Premium, кој овозможува гледање на содржината без реклами.