Исланд, како популарна туристичка дестинација, планира во последните две недели од јули на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање за коронавирус.
Исландската влада неодамна објави дека патниците во Исланд од 15 јуни при влегувањето во земјата ќе треба да изберат дали да направат тест или да одат во 14-дневен карантин. Во меѓувреме, официјалните лица изјавија дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, а после тоа ќе чини 113 долари.
Децата нема да мора да бидат тестирани, пишува Хина.
Исланд првично ќе може да тестира 500 туристи на ден, но се очекува зголемување на 4.000 тестови на ден за неколку недели.
Досега се регистрирани над 1.800 позитивни слуачи на коронавирус во земјата, а 10 лица починале како резултат на оваа болест. Во овој момент, во Исланд се активни само 3 случаи.
Исланд ќе дозволи патувања од земјите на ЕУ, Велика Британија, ЕФТА и Европската економска зона (ЕЕА) од 15 јуни.