![Временска прогноза за наредните денови - од среда очекувајте промена](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/78/de94d687-resize-820x0x100.jpg)
Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 18 до 30 степени.
Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.