Волја, интелигенција, мотивација, познавање на вистинските луѓе во вистинско време… Постојат многу општо прифатени идеи за тоа што е потребно за една личност да успее. А сепак, некои од најуспешните луѓе често се оние за кои никој не би рекол дека ќе станат успешни. Истражувачите кои студираат образовни процеси откриваат дека оние кои дипломираат како најдобри во класата, честопати стануваат просечни во својата кариера.
Сепак, успехот е секако, предвидлив до одреден степен и особините што придонесуваат за упорноста, коишто се потребни на патот кон успехот. Во продолжение прочитајте неколку особини што науката ги идентификуваше последниве години.
Способност да се одложи задоволството
Волтер Мишел, професор во Стенфорд, објави студија во 1972 година во која им понуди на децата колаче и им рекол дека ако не го јадат колачето кога ќе ја напушти собата и почекаат да се врати, тие ќе добијат уште едно. Во првобитната верзија, истражувањето требаше да се занимава само со проблемот на одложување на задоволството, но, исто така, резултираше со други интересни откритија во следните децении. Џејмс Клеар го сумираше резултатот на следниов начин: Децата кои беа подготвени да чекаат за второто колаче, постигнаа повисоки оценки на приемните испити, како и повисоките академски оценки, имаа пониска стапка на дебелина, беа во можност да се справат со стресот, имаа подобри социјални вештини и генерално подобри резултати во голем број други показатели. Се покажа дека подобрата контрола на импулсот им носи повеќе од само едно колаче: негирањето на моментално задоволување придонесе за многу поважни долгорочни успеси.
Совесност
Совесните луѓе се одлично организирани и одговорни. Тие сериозно се сфаќаат, планираат, ги контролираат своите импулси и од добра причина. Оваа особина има изненадувачки висока стапка на корелација со успех. Истражувањата покажаа дека совесноста влијае на многу аспекти на успехот – од платата до задоволство од работното место, како и на можноста да најдат работа и да ја чуваат.
Голем интерес за читање
Изразот “readers become leader” постои од добра причина. Луѓето кои сакаат да читаат често се поинтелигентни, креативни и имаат подобро развиена емпатија. Читањето има позитивен ефект врз врските во мозокот и неговото функционирање, а исто така овозможува и постојано “варење“ на нови информации. Може да прочитате книга за една недела со многу нови информации што некој експерт ги собирал целиот свој живот. Ако го сторите тоа, вие постојано го зголемувате вашиот капацитет и со тоа постојано се развивате.