Сопственикот на Далас Маверикс советува дека, без оглед на сите околности, не треба да престанете да работите на себе и дека ова е вистинското време за тоа.
Милијардерот Марк Кубан има неколку совети за секој кој ја изгубил работата среде пандемија на коронавирусот: добијте бенефиции за невработеност (ако вашата држава ја нуди таа можност), постојано аплицирајте на огласи за работа, испраќајте CV-а и искористете го слободното време за подобрување на вештините што би можеле да го импресионираат вашиот иден работодавец.
Првото прашање што ќе го постави секој човек што ќе ве интервјуира за работа е - Што научивте за време на пандемијата во 2020 година? Какви дополнителни вештини стекнавте за време на пандемијата во 2020 година? - рече Кубан, пренесува Bizlife.
Сопственикот на Далас Маверикс советува дека, без оглед на сите околности, не треба да престанете да работите на себе и дека ова е вистинското време за тоа.
Без оглед на областа во која работите и што е тоа со што сакате да се занимавате, искористете го овој период за да ги усовршите своите вештини потребни за таа работа. Можностите се пред вас - истакнува Кубан.