Корисниците ќе добијат предупредување и потсетник за заштита од коронавирусот во горниот дел од нивните мобилни екрани.
Фејсбук и Инстаграм најавија проширување на нивните напори да обезбедат навремени и точни информации за своите корисници за време на пандемијата на Ковид-19.
По презентирањето на информативниот центар каде корисниците можат да добијат релевантни информации за коронавирусот за областа во која се наоѓаат, новост е дека тие ќе ги предупредат корисниците за потребата да носат заштитна маска.
Предупредувањето прво ќе се појави на самиот врв на екранот на корисниците во САД, каде што ситуацијата со пандемијата на коронавирусот станува се посериозна, а потоа и во оние делови на светот каде што е задолжително носењето маски, велат од компанијата.
Така, корисниците на Фејсбук и Инстаграм ќе добиваат еден вид предупредување и потсетување на врвот на своите мобилни екрани со порака „кога сте во јавност, покријте ги устата и носот со платнена маска“ и линк до надлежните органи кои се одговорни за борбата против коронавирусот.