Повеќето од нас можат да најдат начин да заштедат пари. Но, прашањето е како да ги искористите тие пари за да ги зголемите вашите средства?
Успешни инвеститори и милионери ги споделија своите идеи за тоа како да претворат 100 долари во милион.
Инвестирајте во нешто што го сакате
Тешко е да се стекне богатство. Или треба да заштедите многу, да заработите многу пари преку деловни договори или да инвестирате, вели сопственичката на на Skinnygirl, Бетани Френкл.
Исто така е прилично скапо да се продолжи со развој на бизнис, којшто веќе постигнал успех. Затоа би инвестирала. Пронајдете група на луѓе на кои им верувате и комбинирајте ги 100 долари со нивните за да создадете силна инвестиција. Инвестирајте во она што го знаете и што имате визија за и во она што го сакате, посочува таа.
Инвестирајте во себе
Секако, има луѓе кои инвестирале во вистинско време и направиле богатство. Ако сте инвестирале 100 долари во биткоин во 2010 година, добро сте сториле. Но, за мене тоа е игра на лотарија. Посигурен начин да се збогатите со само 100 долари е да ги инвестирате во книга, аудио програма или настан што ќе ви помогне да се подобрите. Потрошете пари за развој на нови вештини, стекнување знаење и воспоставување силни врски. Кога инвестирате во себе, не можете да изгубите, вели Грант Кардон, експерт за продажба кој изгради империја на недвижнини од 750 милиони долари.
Научете нешто што ќе ви донесе многу пари
Ден Лок, претприемач, едукатор, автор на книги, основачот на Closers.com вели ако немате пари за да започнете бизнис, тогаш не започнувајте бизнис.
Потрошете 100 долари на книги или обука за да научите некои вештини што ќе ви донесат 10.000 долари месечно.
Според него, треба да се избере вештина која носи високи приходи како програмирање, маркетинг или продажба. Ако сте упорни и добри во она што го правите, ќе стигнете таму. Но, тоа нема да се случи преку ноќ, затоа правете мали чекори, нотира Лок.
Изградете личен бренд
Претприемништвото е привлечна работа и затоа сите сакаат денес да бидат претприемач. Можете да направите милиони со создавање на ваш сопствен бренд. Но, со толку многу брендови што имаат понуда преку интернет, тајната на успехот е градење на доверливост. За да го направите ова, потребна ви е јасна порака што ја дефинира вашата мисија и како тоа им помага на другите , вели Торбен Плацер, основач и извршен директор на TPA Media GmbH.