Како и многу други индустрии, и пазарот за обувки бурно ја започна 2020 година.
Продажбата на машки, женски и детски обувки значително опадна во првата половина од 2020 во однос на минатата година, според истражувањето на аналитичарот на НПД, Мет Повел.
Кога станува збор за различните брендовите, продажбата на брендот „Најк“ забележа пад, додека само продажбата на популарните „Џорданки“ незначително се зголеми во првата половина од годината.
Пад на продажбата забележаа и „Адидас“, „Њу Баланс“, „Скечерс“ и „Ванс“. Во извештајот на Повел беше објавена и листа на досега најпродавани модели во 2020.
Од Nike Air Max 90 до Nike Air Force 1 Low, ова е листата на најпродавани патики во првата половина од 2020 година:
10. Nike Air Max 90
9. Jordan I High OG
8. Jordan 13 Retro
7. Adidas NMD R1
6. Nike Air VaporMax Flyknit 3
5. Nike Revolution 5
4. Nike Air VaporMax Plus
3. Nike Air Max 97
2. Nike Air Max 270
1. Nike Air Force 1 Low