Меган Маркл и принцот Хари конечно најдоа работа – во иднина ќе работат на документарни филмови, документарни серии, играни филмови и програми за деца за „Нетфликс“, компанија со која потпишаа договор вреден 150 милиони долари.
„Нашиот фокус ќе биде насочен кон создавање содржина што информира, но исто така дава и надеж“, рече поранешниот кралски пар.
Што се однесува до постојаните прашања во врска со можното враќање на војвотката на малите или кино-екраните, сè уште нема разговор за тоа, иако не е исклучено таа да се појави со сопругот во една од споменатите емисии зад кои ќе стои.
извор: lokalno.mk