Изминатите години голем број луѓе ја играа играта Фармвил, која сега Фејсбук засекогаш ќе ја изгасне.
На официјалната Фејсбук страна на оваа игра е потврдено дека оние кои се уште ја играат, купување во апликацијата ќе може да прават до 17 ноември, а потоа играта повеќе нема да извршува плаќање.
На играчите на оваа игра им, остануваат уште три месеци уживање, а последниот ден од оваа календарска година ќе биде последен и за Фармвил.
Кон средината на оваа година, Фејсбук објави дека од 31 декември повеќе нема да ги поддржува Флеш игрите, а истиот датум Adobe целосно ќе го изгасне Флеш плеер.