Британската компанија Instaprint на својот Twitter профил се пофали со најкреативната апликација за позицијата Графички дизајнер која воопшто некогаш ја добиле во нивната компанија. Станува збор за млада дизајнерка која наместо само класично CV или портфолио им испратила и банер со нејзина слика во природна големина, за да може да визуелизираат како таа ќе се вклопи на работното место.
„Замислете како е да се работи со мене“ - стои на банерот.
Не се ни сомневаме дека ја добила работата.
Браво, креативна девојко!
We’ve just had one of the most creative #jobapplications ever for our Graphic Design role! The candidate sent us a roller banner of herself so we could visualise working with her… #Genius