Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викнд без ДДВ.
Покрај новите рестрикции, Владата на седницата вечерва одлучи продолжениот викенд за 11 октомври да биде Викенд без ДДВ. Според предлогот кој Владата ќе му го достави на Собранието, сите граѓани кои имаат пристап до апликацијата Мој ДДВ ќе можат во тој викенд да остварат поврат на ДДВ на сите македонски производи и компјутерска опрема за сметки кои вкупно нема да надминат 30.000 денари, што значи дека секој граѓанин во тој викенд ќе може максимално да врати 4.500 денари доколку ја потроши максималната сума.