Со доаѓањето на сезоната на грипот, постои поголема загриженост кај луѓето во врска со тоа дали ќе можат да го разликуваат сезонскиот грип од коронавирусот.
Проблемот оваа година е како да ги разликуваме симптомите на грип од симптомите на коронавирусот?
Здравствените експерти веќе подолго време ја предупредуваат јавноста на опасноста од спојување на сезонскиот грип со коронавирусот во текот на студените, есенски и зимски денови.
Тие предупредуваат на тоа дека пандемијата Ковид-19 може да се стави под надзор пред грипот да почне да се шири меѓу популацијата. Во спротивно, тоа би можело да претставува преголем притисок на здравството.
Еден од начините на кој што може да се избегне тоа е препознавањето на двата клучни симптоми кои што го разликуваат Ковид-19 од грипот.
Станува збор за дисфункција на вкусот (губењето на сетилото за вкус) и диспнеа (непријатно чувство на губење на воздух).
Во британското истражување проучувани биле симптоми на 417 пациенти со благи и умерени симптоми на болеста Ковид-19, од кои 263 биле жени.
„Најчестите симптоми беа кашлање, болка во мускулите и губење на апетитот. Најчестите оториноларинголошки симптоми беа болка во лицето и опструкција на дишните патишта во носот“, се наведува во истражувањето.
Исто така истражувањето открило дека 85.6 до 88 отсто од пациентите пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус.
И кај пациентите кои што имаат грип може да дојде до привремено губење на сетилото за мирис, но кај пациентите заразени со новиот коронавирус може да дојде до нагло и помоќно губење на сетилото за мирис и тоа може да доведе до неможност на разликување на кисело од благо.