Светскиот економски форум проценува дека до 2025 година, 85 милиони работни места може да бидат раселени од промената на поделбата на трудот меѓу луѓето и машините.
Половина од сите вработени во светот мора да стекнат нови вештини до 2025 година, за да не бидат „прегазени“ од времето. Светскиот економски форум понатаму наведува дека живееме во свет на технологија и дигитализација, на кој сите ќе мораме да се прилагодиме во одреден момент.
Работодавците велат дека на врвот на листата на вештини што треба да ги усвоиме се - критичко размислување и решавање на проблеми. Вештини за само-управување како што се активно учење, еластичност, толеранција на стрес и флексибилност, исто така, се појавија оваа година.
Испитаниците од истражувањето за работата на иднина проценуваат дека околу 40% од работниците ќе бараат преквалификација за шест месеци или помалку. Форумот проценува дека до 2025 година, 85 милиони работни места може да бидат раселени со промена на поделбата на трудот меѓу луѓето и машините.
Но, добрата вест е дека може да се појават уште повеќе работни места - 97 милиони, кои повеќе одговараат на оваа нова поделба на работата помеѓу луѓето, машините и алгоритмите. Масовното прифаќање на технологијата ќе значи дека потребните вештини на сите работни места ќе се променат во следните пет години, а разликите во вештините сепак ќе бидат големи.
За оние работници кои остануваат во своите улоги, учеството на основните вештини што ќе се променат до 2025 година е 40%, а на половина од сите вработени ќе им треба преквалификација (раст од 4%). Еве ги првите 10 вештини што ќе бидат исклучително барани во следните пет години:
1. Аналитичко размислување и иновација
2. Активно учење и усвојување стратегија
3. Комплексно решавање на проблеми
4. Критичка рефлексија и анализа
5. Креативност, оригиналност, иницијатива
6. Лидерство и социјално влијание
7. Разбирање на технологијата, следење, контрола
8. Дизајн и програмирање
9. Еластичност, толеранција на стрес и флексибилност
10. Рационализација
Огромното мнозинство на деловни лидери (94%) сега очекуваат вработените да стекнат нови вештини на работа, што е нагло зголемување од 65% во 2018 година. Испитаниците во анкетата велат дека преквалификација ќе им биде најмногу потребна на работниците од потрошувачката индустрија и здравството и здравствената заштита.
Во секторите за финансиски услуги и енергетика - учеството на работниците кои можат да бидат преквалификувани во рок од шест месеци - е помал затоа што ќе им требаат поинтензивни програми што одземаат време.
Според 39% од работодавците, обуката ќе се спроведува внатрешно. Но, како што забележа професорот Шваб, ова ќе биде надополнето со платформи за учење преку Интернет (16% обука) и консултанти со аутсорсинг (11% обука), а текавната пандемија само го забрза трендот на онлајн доквалификација.
Помеѓу април и јуни годинава, „Курсера“ забележа четирикратно зголемување на бројот на луѓе кои самостојно бараат нови шанси и можности. Бројот на работодавци кои обезбедуваат можности за учење преку Интернет се зголеми за пет пати.