Многу претпоставени изгубија значителен контакт со вработените, па смислија начин да го поправат тоа.
Гаџетот или алката Moodbeam му овозможува на работодавачот да ја следи вашата емоционална состојба.
Мобилната апликација е поврзана на интернет и има две копчиња, едно жолто и едно сино. Работи на принципот на притискање на жолто ако се чувствувате среќни и сино ако сте тажни. Наменет е за компании кои сакаат да ја следат емоционалната состојба на вработените кои работат од дома, а идејата е да се охрабрат вработените да носат алка и да го притискаат соодветното копче во текот на целата работна недела. Во тој случај, менаџерите ќе можат да набудуваат како се чувствуваат нивните вработени додека извршуваат одредени задачи од дома.
Компаниите се обидуваат да останат поврзани со персоналот што работи од дома. На овој начин ќе видиме како некој се чувствува и ќе можеме да ги прашаме „како сте, дали сте добро, вели коосновачот на Moodbeam Кристина Колмер Мекју.
Идејата за производот ја добила откако открила дека нејзината ќерка се справува со потешкотии на училиште и таа сакала да пронајде начин за да добие информации како нејзиното дете се чувствува во даден момент. Алката беше лансирана во 2016 година.
Имајќи предвид дека многу деца, особено тинејџери, најверојатно ќе ја мразат идејата да притиснат копче на алката за да им дадат до знаење на родителите како се чувствуваат, колку е веројатно вработените да бидат подготвени тоа да го направат за нивниот шеф?
Г-ѓа Колмер Мекју, чие седиште е во Хал, вели дека многумина веќе ја прифатиле нејзината иновација. Една организација што сега го користи Moodbeam е британската добротворна организација „Храбар ум“.
Со оглед на тоа што повеќето луѓе нема да се вратат во канцелариите наскоро, голем број други компании исто така истражуваат начини да им помогнат на вработените да ја подобрат и изразат својата емоционална состојба додека се дома, но работно.
Во Сан Франциско, апликацијата за ментално здравје Modern Health сака да им помогне на вработените, па така организираа состаноци со психотерапевти. Вработените прво пополнуваат краток онлајн прашалник за нивното ментално здравје, а соодветно е составен и персонализиран план за грижа за ментално здравје. Ова може да вклучува видео повик со специјалист за управување со анксиозност или медитација преку интернет и слично.
Луѓето работат од дома и се соочуваат со предизвици. Менаџерите веќе не можат да очекуваат вработените да споделуваат што се случува на работа и во нивниот личен живот, вели Алисон Вотсон, извршен директор на Modern Health, која поседува 190 компании ширум светот.
Мајкрософт имплементираше „виртуелно патување до работа“ во својата апликација за споделување датотеки и видео конференции. Кога се ближи крајот на работниот ден, корисниците добиваат известување. Ова ќе ги охрабри да поминат низ низа активности, како што се додавање задачи на списокот што треба да се направат за следниот ден, запишување како се чувствувале тој ден, а покрај тоа ќе мора да направат и медитација преку апликацијата за медитација и спиење Headspace.
Добротворната организација за ментално здравје Mind вели дека менталното здравје е многу важна ставка сега кога луѓето работат од дома.
Работодавачите кои се грижат за персоналот што работи од дома треба да го намалат чувството на изолација преку градење на чувство на припадност и заедништво, соопшти компанијата.