Glassdoor носи ТОП 10 прашања кои докажуваат дека треба да бидете подготвени на сè на интервју за работа...
1. Ако ве замолат да истоварите Боинг 747 полн со бонбони, што би направиле?
Тешко е да се знае што ќе им одговорите на луѓето од ИТ компанијата Bose кога ќе ви постават вакво прашање.
2. Која е вашата омилена принцеза од анимираните филмови на Дизни?
Ова прашање е поставено во интервју од компанијата за сладолед „Cold Stone Creamery“. Еден кандидат одговорил „Барби“.
3. Ако се разбудите и видите дека имате 2.000 неодговорени пораки, а можете да одговорите само на 300, кои 300 би ги избрале?
Ако сакате да работите во Dropbox, кој се занимава со складирање на податоци, ќе мора да одговорите на ова прашање. Најпопуларниот одговор на ова прашање беше: „Лесно е, би им одговорил само на шефовите“.
4. Кој би победил во војната меѓу Спајдермен и Бетмен?
Универзитетот Стенфорд инсистира на ова прашање поради некоја причина. Наводно, еден кандидат понудил есеј со 600 зборови како одговор, во кој тој образложил зошто го избира победникот.
5. Колку би платиле за машина што произведува 100 долари на ден?
Прашуваат во консултантската фирма Aksia.
6. Што појадуваше?
Можеби тие се само љубезни во продавницата Banana Republic или можеби ја проверуваат вашата меморија.
7. Како би му ја опишале жолтата боја на слепиот човек?
Вработените во „Spirit Airlines“ се заинтересирани за одговорот на ова прашање.
8. Што би направиле ако сте единствениот преживеан од авионска несреќа?
Доколку сакате да изнајмувате станови преку Airbnb, ќе мора да одговорите на ова прашање што вознемири многу кандидати во интервјуто. Еден корисник одговорил дека „ќе се искапе и ќе брза на интервјуто за да одговори на ова прашање“, додека друг изјавил дека „ќе ја тужи фирмата“, така што никој повеќе „нема да мора да одговара на такво глупаво прашање“.
9. Колку луѓе пристигнаа со авион во Чикаго минатата година?
Нема одговор на прашањето на компанијата Redbox, која се занимава со изнајмување филмови, ниту на „сезнајниот“ Google.
10. Која е твојата омилена песна од деведесеттите?
„Вистинскиот“ одговор е од „суштинска“ важност за Squarespace, компанијата што прави веб-страници.