Милиони корисници на Андроид симнале апликации кои им ги забавуваат телефоните и брзо им ја трошат батеријата.
Истражувачите на безбедносната компанија “Trend Micro” откриле 85 различни апликации за фотографии и игри кои се преполни со “adware”, а истите се наоѓаат на официјалната продавница за апликации на Гугл – “Google Play Store”.
Најлошо од сè е што овие апликации се преземени над 8 милиони пати. “Trend Micro” објавила целосна листа на лажни апликации, а некои од најпопуларните се “Super Sele”, “Cos Camera”, “Pop Camera” и “Line Puzzle”.
Еден од начините на кои овие опасни апликации не успеале да бидат детектирани е создавање на “shortcut” на апликациите на “Home” екранот на телефонот, 30 минути откако некоја од нив е инсталирана. Ова им помогнало да бидат повидливи, но на овој начин ги одвраќале корисниците од нивно деинсталирање.
Кога ќе се вклучат, апликациите функционираат онака како што фото апликацијата или играта би требало да функционира, но воедно пуштаат и долги реклами преку целиот екран кои е невозможно да се затворат.