Неколку совети како да ја зголемите вашата продуктивност на работа
Дали некогаш сте го завршиле вашиот работен ден и сте се почуствувале дека не можете да ги завшрите сите работни обврски кои што се на вашата листа? Пред почетокот на еден работен ден, започнувате со план, список на обврски и слично, но на крајот од денот најчесто сфаќате дека списокот е предолг. Во потполност ве разбираме.
Да се биде продуктивен на работа понекогаш може да биде тешко. Но, најчесто многу е битно добро да се изменаџира вашето време и да се знае од каде треба да се започне.
- Намалете со мултитаксинг
Може да звучи предизвикувачки и примамливо доколку извршувате повеќе задачи од еднаш, особено доколку тие изгледаат мали и лесни. Но, таквиот начин на размислување едноставно не функционира. Некои истражувања покажуваат дека “ Мултитаксингот е човечки невозможен”. Се лажеме кога кажуваме дека исто времено може да остваруваме телефонски повици, да имаме презентација и да ручаме.
Потребно е да се фокусирате на една задача која што всушност ќе ја завршите побрзо.
- Направете пауза
Можеби некогаш размислуваме дека нашите работни саати знаат да траат подолго од предвиденото и дека работиме многу повеќе, но сме свесни дека не ја работиме добро работата.
Студиите покажуваат дека редовните паузи ја зголемуваат нашата продуктивност, се зголемува концентрацијата, но исто така и се подобрува нашето расположение. Земете си една кафе пауза од 5 минути или само излезете на воздух.
- Поставете си мали цели
Понекогаш нашите цели можат да бидат огромни. Гледањето на неколку проекти во нашиот календар може да биде стресно за нас, но ако целиот тој проект го поделиме на помали задачи, на таквиот начин ќе се чуствувате како да имате поголема контрола врз обврските и ќе бидете попродуктивни. Избегнете во календарот да го запишете крајот на завршувањето на проектот, со ваквиот начин може само да си направите дополнителен стрес. Потрудете се секој ден полека да ги завршувате задачите и крајот веднаш ќе дојде.
- Оценете се себе си
Сите ние понекогаш ги тргнуваме нашите големи цели на страна, затоа што не сме сигурни дали ќе ги оствариме... И додека стигнеме до нив, знаеме да поминуваме низ еден период кој што е полн со притисок.
Најдобро е да си направите една анализа на себе си , во кој дел од денот вие сте најпродуктивни. Некои од нас се утрински личности и одлично знаат да функционираат сабајлечки, додека пак други повеќе уживаат да работат доцна навечер. Со ваквиот начин да размислување вие подобро може да разберете кога е најдобро да работите на проектите.
- Споведете те го правилото “ две – минути”
Искористете го најголемиот дел од вашето време на работа исполнувајќи ги тие мали прозорци со вистински задачи. Според претприемачот Стив Оленски, наоѓањето и веднаш завршувањето на задачите што траат две минути или помалку, всушност ви заштедува време. Значи, ако ви требаат помалку од две минути, направете го тоа сега.
Другиот аспект на правилото од две минути е дека секој гол или навика може да се започне за помалку од две минути. Ова не значи дека ќе можете да ја завршите секоја задача за 120 секунди, но започнувањето на нови цели е првиот чекор кон нивно остварување!
Не секој ден ќе биде совршено продуктивен; не тепај се заради тоа. Наместо тоа, рефокусирајте ја својата енергија и спроведете ги овие совети. Откако ќе го пронајдете слаткото место што работи за вас, ќе бидете изненадени колку повеќе можете да завршите и во и надвор од канцеларијата.