Во денешно време, многу ретко може да се сретне човек со големо срце. Денес ви раскажуваме една успешна приказна за Кавадарчанецот Борче Стаменов или во јавноста познат како Донирај Компјутер. На наша огромна чест и задоволство, младиот Борче одвои дел од своето време и накратко си поразговаравме во врска со неговото хоби, за кое што многу луѓе се благодарани.
Борче , за пошироката публика веќе си познат под мотото #ДонирајКомпјутер. На твитер исто така си доста активен, но дали може да ни се представиш накратко за оние кои што не те знаат? Кој е Борче и со што се занимава?
- Роден сум во Росоман 1977 година. Моите таму го започнале заедничкиот живот се додека не одлучиле да се преселат во Кавадарци каде што и моментално живеам. Основно и средно завршив таму. Се запишав и на факултет, но никогаш не го завршив поради тешката опреација која ја имав. Ми требаше некоја година да се опоравам од последиците кои туморот ми ги предизвика. Кога застанав на нозе се вработив во “Бидат информатика” каде сум вработен и денес. Бев примен како графичар и работев на марекетинг идеи. После тоа дојдоа фискалните апарати па ја преземав таа позиција. Во исто време практично се занимавав и со сервис на компјутери, занимање кое ми стана и професија. Во последно време се пробувам и во полето на програмирање и можам да кажам дека успешно се справувам и со тие предизвици. Во фирмата моментално сум незаменлив член кој придонесува за нејзиниот успех и постоење.
Со почетокот на пандемијава, учениците започнаа со онлајн предавања, каде што е неопходно да се има компјутер. Цените на компјутерите драстично порасна. Но, за жал бројот на семејства кои што не можат да си дозволат за компјутер за своето дете е голем. Но, затоа си тука ти! Може ли да ни раскажеш од почетокот на пандемијава, па се до денес колку компјутери успеа да средиш и да ги донираш? Во кој период имаше најмногу работа?
- Донирај Компјутер е созададена како логичен одговор на целава ситуиација што веќе подолго време ни се случува. Започната е некаде на крај на 2016та година сосема случајно. Идејата се роди кога семејство ми побара половен компјутер, а истиот не можеа да си го дозволат. Јас секогаш ги чував компјутерите кои некои од нашите клиенти по купување нова опрема ги оставаа. Иницијативата си ја делам во сезони. Секоја сезона трае 100 компјутера. За почеток ја креирав ФБ страната за донирај компјутер за да споделувам информации за донирани и подарени компјутери. За да ги поделам првите 100 ми требаа 3 години. Права експлозија се случи кога се воведоа онлајн часовите поради пандемијата. Од декември 2019 до денес се донирани 674 компјутери. Во тој период имав и неколку паузи за да одморам малку па може да се каже дека таа бројка е постигната за 9 месеци.
Кога веќе ја начнавме темата средување компјутери и донирање, може ли да ни објасниш нешто повеќе во врска со тоа. Дали е само хоби комплетно средувањето на компјутери и донирањето на истите или твојата професија е доктор за компјутери ?
- Како што веќе спомнав вработен сум во таква компанија. Секојдневно се занимавам со сервисирање и буквално веќе и мижечки можам да ја работам таа работа. Покрај што ми е професија во исто време ми е хоби гледано од страна на иницијативата која ја создадов. Донирај компјутер е можеби на изглед сложена операција но успевам да ја вклопам во моите работни обврски. Секој компјутер кој доаѓа се проверува за исправност. Исти компјутери ми минат низ раце по 2-3 пати. Не се откажувам лесно од нив. После проверката доаѓа на ред инсталацијата на оперативен систем кој таа конфигурација би го поддржала и софтвер кој ќе им користи на лицата кои ќе ја добијат опремата. Наредно е припремата за пакување и испраќање на опремата до крајниот корисник. За испораката се задолжени Еко логистик Сервис кои бесплатно ги испорачуваат пакетите.
Исто така, раскажи ни малку повеќе за процесот на проаѓање на компјутери и средување на истите. Дали можеби поединци се пријавуваат и ги донираат своите компјутери или имаш поддршка и од фирмите? Што е тоа на кое што особено си горд?
- Донирај Компјутер како акција е веќе расширена на територијата на цела држава. Донации пристигаат секојдневно како од физички така и од правни лица. Самата иницијатива поради својата транспарентност ужива огромна доверба. Тоа е она на кое сум посебно горд. Луѓето и компаниите знаат дека нивната донација ќе заврши во вистински раце и затоа непрестано донираат и се пријавуаат. Најголеми донатори се самите граѓани кои непрекинато испраќаат компјутери кои тие веќе не ги користат. Од поголемите компании со кои имам доста успешна соработка се “Ендава”, “ОнеИнсјад”, “Алокејт Софрвер”, “Кипи”, “3ХфХ”, “Делегацијата на ЕУ “во Скопје, “Амбасада на Холандија”, “Клими.МК”, “Симфони солушнс”, “Триглав Македонија”, Публикум инвест и многу други. Имам доста соработки со многу здруженија и организации од државава. Веќе сите знаат каде може да се најдат компјутери за оние кои не можат да си дозволат да купат нов компјутер. Во Скопје соработувам со Проект среќа и Љубезност – вистински дела на љубезност. Заедно имаме остварено околу 70 донации во социјално загрозени семејства. Соработувам и со “Ротрак клуб” Скопје со кои имам остварено околу 30-40 донации од нивна страна. Со “WaysToHelp” исто така имам соработувано неколку пати. Со Терно Вас имам остварено околу 30 донации. Со здружението Умиление од Виница околу 15 донации. Со хуманитарецот Димче Каневче од Охрид кој ми обезбедува податоци за социјално загрозени семејства од охридското продрачје имаме обезбедено околу 30-40 донации. Од голема помош ми е и Здружението на граѓани – Зона од Кавадарци преку кое добивам донации од компании на кои им треба официјален документ како потврда за нивната донација. И листата секојдневно се проширува и ќе расте. Донациите не секој пат се сочинети од компјутери. За Нова година со тимот на Клими.мк, примателите на донација ги изненадивме со 150 новогодишни пакетчиња кои ги ставав во секој од пакетите. Остварив состанок и со Фудбалската федерација на Македонија која ќе се вклучи со донирање на спортска опрема. Последна соработка која ја дефиниравме денес беше со компанијата Семос. Тие, за децата на возраст од 5-17 години ќе овозможат бесплатно следење на некои од нивните курсеви. Горд сум на секој што ете на некој начин сака да се придружи во оваа авантура која ја започнав!
По објавата на твоја статија во Италјанскиот неделник Internazionale.it, добиваш понуда за соработка. Односно снимање на документарен филм за тебе и за твојата приказна. Може ли да ни раскажеш подетално во врска со тоа, како дојде до таа соработка
- Приказната за почеток убаво ја спакува Соња Стојадиновиќ, дописник за Лупига. Токму тој прилог беше “виновен” и примамлив за италинаскиот неделник Internazionale.it кој го превзема и реобјави. Интернациоинале е неделник кој се продава и чита во цела Италија и имаат околу 3 милиони следбеници на социјални мрежи. Така и се оствари контактот со Фаусто кој го прочитал и видел приказна која вреди да ја пренесе подалеку. Уште се работи на сценариото и финансирањето на неговиот проект. Прерано е да се каже било што но искрено се надевам дека ќе излезе нешто интересно.
Што најмногу Борче го исполнува и го прави среќен? Како го користиш твоето слободно време?
- Тежок зависник сум од филмови и серии сум па пандемијата и седењето дома во психичка смисла воопшто не ме погоди. Итроверт со тапија. Од кога ми е започната Донирај Компјутер нема некои промени во животните навики, едноствно ја вклопив во животот. На неа гледам како работа и си одредувам работно време. Ретко одговарам на оние кои ми пишуваат вон тоа време. Сепак, на крај на денот и ја сум само еден човек на кој му е потребен одмор, време да се напие кафе со пријатели или семејство или едноставно да “зјапа” у ѕид едно саат време. Си ја исполнив желбата да поседувам ДСЛР па секој момент го користам да направам некоја фотка. Слободното време го поминувам често и во читање на содржини кои ме интересираат и ограничено дружење со пријатели. Сакам дневни кафиња на тивки места. Моментално најголема радост ми носи туѓата среќа која мојата иницијатива ја предизвикува.
И за крај, дали може да ни ја објасниш детално постапката што се е потребно за некој да се пријави и да добие компјутер? Верувам дека има доста кои што не се запознаени со процесот, па за да им е олесниме работата да дадеме едно резиме.
- Постапката за добивање компјутер е прилично едноставна. Секој кој сака да добие компјутер истото може да го оствари преку фан страната на Донирај Компјутер на ФБ или преку веб страницата која гимназијата Алгоритам бесплатно ја изработи каде има податоци како да се стапи во контакт со мене. Исто така има и форма која може да ја потполнат која директно е поврзана со е-маил адресата на Донирај Компјутер. Самата фан страна е направена автоматски да ги одговара најчесто поставуваните прашања. Условите се исти за секого без исклучок. За да се добие донација лицето е должно да достави потврда за социјалната состојба на семејството или поединецот. Како на пример потврда од социјално за примање социјална помош, самохран родител, невработеност, ниски примања и слично. Се дава по еден уред по семејство. Во процесот на донирање не постои можност да се одбере дали некој ќе добие лап топ или десктоп компјутер. Јас буквално читам кој се пријавил и посегнувам по тоа што дошло на ред за пакување. Правам исклучоци кога некој ќе ми напомене дека има потешкотии со движење или има некоја сосотојба па на тие семејства им праќам тоа што побарале ако во моментот имам. Времето на чекање зависи и од тоа што имам на располагање, но не е подолго од 2 недели. Секој е известен со повратна порака истиот ден дали е пријавата е одобрена или треба да се достави уште нешто. Ден пред да се испорачува пакетот секој е контактиран да даде податоци за карго доставата (име, презиме, точна адреса и телефонски број). Нормално за да успешно ја завршиме приказната ги замолувам сите по добивање на пакетот да ме известат како би ги тргнал од листата на чекање.