Постојат ли и кај нас вакви примери на бизниси кои успешно се издвојуваат од масата?
Во обид да се изборат со мракот на епидемијата на Корона вирус, “Канадската пошта” одлучила да донесе малку радост во целото сивило. Па токму поради тоа одлучиле поштенските камиони да бидат обоени во шарени бои и да ја обиколат целата земја.
Во 28 градови во Канада, 37 шарени возила превезуваат писма и пакети секој ден, ваквиот начин на пренесување на пошта предизвикуваше насмевки на лицата на граѓаните кои што излегуваа да земат пошта од нивните поштенски сандачиња.
Секој камион е украсен со големо сонце, заштитните бои на Канадската пошта (сина, бела, црвена) и натпис на кој што со големи букви пишува “Благодарам”.
Дизајнерот Ендру Луис за францускиот печат изјавил дека смета ваквиот начин на креација ќе делува забавно и позитивно во очите на граѓаните, затоа што бидејќи луѓето поминале долго време во изолација им фали малку ведрина и свежина во животот.