Иако многумина се израдуваа дека можат со Авион да отпатуваат во Солун или Атина сепак во одлуката Грција да ги отвори летовите до и од Скопскиот аедеродром е со посебен член каде стриктно стои забраната за влез на државјани од “трети земји“.
Во министерската одлука што во саботата вечер беше објавена во Службен весник на Грција, а стапи во сила во 6 часот утрово, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“, а истите упатства ги објавува и Агенцијата за цивилно воздухопловство.
– Упатствата (notam) предвидуваат забрана за влез на државјани на трети земји, освен земјите на Европската унија и Шенген зоната.Од Скопје за Грција можат да летаат патниците за кои не постои забрана.Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓукои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици.Последното продолжување на забранта е до 6 Април!