Маж и жена во нивните 20-ти години помислеле дека платното, четките и бојата кои биле оставени под делото биле наменети за посетителите, па тие доцртале црна боја на сликата.
Графитот во Сеул, кој бил насликан во живо пред публика во 2016 година од американскиот уличен уметник „JonOne“, се проценува дека вреди околу 500 илјади долари. Оставените четки и кофи со боја се интегрален дел уметничкото дело.
Парот бил откриен како го вандализира делото на снимките од безбедносните камери, откако безбедносните служби ја забележале свежо нанесената боја на графитот.
Шефот на изложбата поставена во Светскиот центар Лоте, Канг Вук, за Ројтерс изјавил дека комуницирале со авторот за враќање на сликата во првобитната состојба. Според него, против парот нема да поднесат пријава бидејќи ја оштетиле сликата поради грешка.
„Тие помислиле дека е дозволено да додаваат свој придонес за сликата, мислејќи дека станува збор за партиципаторна уметност“, рекол Канг.
По инцидентот сликата е преместена на друго место со мала ограда пред графитот и со дополнителен текст на кој пишува „Не допирајте“.
Извор : https://www.radiomof.mk/