![Најнова информација за работа на спортските обложувалници](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/6c/410e6cc6-resize-820x0x100.jpg)
Спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем
Согласно одлуката на Владата донесена на денешната седница, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем, соопшти Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).
Поконкретно, со одлуката на Владата приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, а согласно истата, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да работат.
– Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19, наведуваат од АСОМ.