Овие две компании го представија својот нов модел на женски патики Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97. Ова е нивна трета соработка, предходно ги изработија Silver Bullet Air Max 97 патиките во 2017 година и Metallic Gold од истата колекција 2018 година.
Овој најнов луксузен модел се базира врз Air Max 97 моделот кој што е стар повеќе од две децении. Она кое што ги прави патиките да изгледаат посебно се употребените Swarovski кристали, со кои што на површина на патиките се формирани брановити линии со различни дебелини, а помеѓу нив се наоѓа класичен мрежести материјал обложен со сива и бела боја што е карактеристична на пролетните Nike патики.
Средниот дел на ѓонот на патиките е обложен со бела боја, а долниот дел е обложен во црна боја. Поларно сината боја по која што е именуван моделот на патиките е сместена со дискретен Swoosh симбол на брендот кој што е сместен на двете страни на патиките и на предната страна на јазикот..
Внатрешноста на патиките е црна.
Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97 до пред скоро време на сајтот на Nike се продавале по цена од 400 долари.
Nike и Swarovski заедно соработувале за дизајнот на новиот модел на патики
Zanimljivosti
-
Една од најсреќните земји во светот сега плаќа на луѓето да се преселат таму
Швајцарската влада ги повикува младите лица под 45 години да добијат 20.000 CHF (21.500 евра), плус дополнителни 10.000 CHF (10.800 евра) за секое дете, доколку се населат во алпското село Албинен.
-
Зошто лебот не треба да се чува во пластични кеси?
Многу луѓе сметаат дека пластичните кеси се практично решение за чување на остатоците од лебот, бидејќи тие помагаат да остане свеж. Сепак, ова не е најдобриот начин да се зачува квалитетот на лебот.
-
Цел живот погрешно играме „Монопол“: Дали ги знаете овие правила?
Класичната друштвена игра „Монопол“, за која често се мисли дека е бесконечна, всушност, има крај кој не вклучува само расправии околу улогата на банкарот или спорови околу „киријата“ по стапнувањето на туѓ имот. И покрај многуте тематски изданија, основните правила остануваат исти. Официјалните упатства опфаќаат сценарија, на пример, што да се прави кога банката ќе остане без пари и можноста за собирање пари во затвор.
-
Постојат ли езера без дно?
Езерата со импресивни длабочини или уникатни геолошки карактеристики честопати се погрешно претставени како „езера без дно“.
-
НАСА објави нови прекрасни фотографии од Јупитер
Вселенското летало „Juno“ на НАСА помина огромно растојание во период од пет години за да стигне до орбитата на Јупитер, а долгото патување се исплатеше.
-
Се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро? Телото има порака
Дали ви се случува да се будите многу често, да не речам секоја вечер, помеѓу 3 и 5 часот наутро? Знаете дека не сте јаделе или пиеле многу пред спиење, па телото нема причина да се разбуди, а сепак, нешто го вознемирува… Причината е невообичаена, донекаде неверојатна.