Aktualno
-
Климатските промени ќе ја остават Европа без сирење, лосос, школки и хумус
Со секоја измината година, последиците од климатските промени стануваат сè посериозни, а екстремните временски услови го менуваат синџирот на исхрана во Европа. Најновите истражувања покажуваат дека глобалното затоплување не само што ќе влијае на залихите на основни култури како кафе и какао, туку и на традиционалните јадења кои се дел од европската култура.
-
Трошоците на живот во ноември бележат зголемување од 4,3 отсто
Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Мед и јајца – да, но месо и млеко – не: Што може да се носи преку граница?
Божиќните празници и зимските одмори се период кога многу граѓани патуваат во странство на одмор или во посета на семејството, или пак, тие примаат роднини и пријатели кои носат подароци или храна.
-
Денеска посебен режим за сообраќај, еве кои улици ќе бидат затворени од 14 часот
СВР Скопје ја информира јавноста дека поради одржување на протест, денеска (10.12.2024) со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје.
-
Како работодавачите ги наведуваат вработените сами да дадат отказ?
Постојат моменти кога работодавачите сакаат да си дадете отказ - Ова се најчестите начини како ќе ги наведат вработените сами да си заминат.
-
Каде во ЕУ се најскапи кириите – а каде можете да поминете поевтино?
Цените на недвижностите во ЕУ пораснаа за 48% помеѓу 2010 и 2023 година, додека трошоците за домување, вклучувајќи ги и сметките за комунални услуги, значително се зголемија во некои земји-членки, според најновиот извештај на Евростат за домувањето во Европа.
-
Нема повеќе фрлање облека во контејнери: Од 2025 година важат нови правила во ЕУ
Сите кои досега ја фрлаа старата, износена облека и обувки во контејнери, наскоро ќе мораат да ги променат своите навики, бидејќи од 1 јануари 2025 година во земјите на Европската унија би можеле да следат парични казни.
-
Во ЕУ 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето
Во Европската унија 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето, објави „Евростат“.
-
Еве која е најпосакувана земја според списанието Wanderlust
Оваа година, списанието Wanderlust покани 168.000 патници да учествуваат на 23-тото доделување на Reader Travel Awards, со вкупно повеќе од 3 милиони гласови собрани во 22 различни категории. Една од тие категории беше „најпосакуваната земја на светот“, а по трет пат за четири години победи Австралија
-
Норвешка е најподготвена за безготовинска иднина, Балканот заостанува
Црна Гора има 77 банкомати на 100.000 жители, додека од земјите во регионот, во Србија има 53 банкомати, во Хрватска 141, Македонија 57, а во БиХ 58.
-
Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме
На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација. Проценките се дека овие возила ќе бидат забележливи низ улиците за најмногу четири месеци. А ќе има и сервис за граѓаните да можат да пријават злоупотреба на овие возила
-
„Бегство“ од Скопје: Продолжениот викенд го испразни главниот град
Продолжениот викенд го испразни Скопје! Несомнено, споените три дена повеќето ги искористија да заминат некаде подалку од главниот град. Една од причините е и да се избегне загадениот воздух!
-
Цените на недвижностите во ЕУ растат, Ирска со највисоки трошоци за домување
Цените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 48% меѓу 2010 и 2023 година, додека трошоците за домување, вклучувајќи ги и комуналните услуги, значително се зголемија во некои земји-членки, се вели во последниот извештај на Евростат за домување во Европа
-
Земји со најдобри и најлоши патишта – каде е Македонија?
Популарниот сајт DiscoverCars направи ново истражување за квалитетот на патиштата низ светот.
-
Македонија зависна од цигари, речиси 45 проценти од популацијата на земјава се пушачи
Македонија зависна од цигари. Речиси 45 проценти од популацијата на земјава се пушачи. Во време кога се бара поригорозен закон за да се промени ваквата слика, зголемен бројот на повици во Советувалиштето за одвикнување од цигари на Центарот за јавно здравје...
-
НОВИ КАЗНИ ВО ГЕРМАНИЈА! Секој што ќе пропушти преглед на лекар мора да плати до 100 евра
Во Германија се воведуваат нови казни за пациентите кои пропуштаат преглед кај лекар. Казните може да бидат и до 100 евра. Ова предизвика жестоки дебати за тоа дали се оправдани казните за откажаните термини.
-
Според Тајмс Попова Шапка е меѓу десетте восхитувачки туристички дестинации во светот
Според британскиот весник Тајмс Попова Шапка е меѓу десетте „восхитувачки туристички дестинации“ во светот.
-
Кафето ќе стане луксуз – Македонија увезува од земји каде цената руши рекорди
Климатските промени, како сушите и поплавите, значително го отежнуваат производството на кафе, а милиони љубители на оваа напивка се соочуваат со растечки цени. Во Македонија, поскапувањата сè уште се умерени, но глобалните трендови покажуваат дека растот на цените ќе продолжи.
-
Револуција во Јапонија: Прават гориво од вода и сончева светлина
Научниците во Јапонија изградија и користеа три години реактор кој создава обновлив водород од сончева светлина и вода.
-
Најбогатите годинава станаа побогати за 2 трилиони долари
Нов извештај на „UBS“ покажува дека бројот на милијардери се зголеми од 2.544 на 2.682, додека нивното богатство достигна 14 трилиони долари, што е двојно повеќе од 2015 година