Vijest
-
Листа на Air Visual: Скопје е 13-ти најзагаден град во светот
Главниот град утрово на листата на air visual e на 13-то место, а пред него се двата индиски градови, Мумбај и Калкута. Зад Скопје е Доха во Катар.
-
Ауди ја затвора фабриката во Брисел – 3.000 луѓе остануваат без работа
По 75 години историја, фабриката на Audi во Брисел ќе го прекине производството на почетокот на 2025 година, оставајќи околу 3.000 вработени без работа. Преговорите за социјалниот план меѓу раководството и претставниците на работниците пропаднаа, што доведе до крај на обидите за компромис.
-
УЈП со важно соопштение за сите кои организираат празнични прослави
Управата за јавни приходи со потсетување за сите кои организираат празнични прослави.
-
Како Европската унија се обидува да го намали пушењето: Разлики меѓу земјите и новите предлози
Пушењето е главен причинител на рак и предвремена смрт во Европската унија, при што секоја година предизвикува околу 700.000 смртни случаи, како што известува ENR, проект на европски новински агенции.
-
Многу оџаци, малку кадар: Граѓаните со денови или цел месец чекаат оџачар
Во Македонија има голема побарувачка за оџачари, но недостасува подмладок во оваа професија. Во пресрет на грејната сезона, граѓаните, особено во Скопје, често чекаат и по еден месец за да дојде оџачар кој ќе го исчисти нивниот оџак. Редовното чистење е неопходно за да се спречат пожари, но младите не покажуваат интерес за оваа работа.
-
Последната дива река во Европа, која се наоѓа во нашето соседство го освојува срцето на љубителите на недопрената природа
Со должина од 272 километри, Вјоса извира од грчките планини Пинд и се влива во Јадранот, минувајќи низ тесни клисури и живописни долини. Нејзините сино-зелени води се дом на над 1.100 видови животни, меѓу кои и загрозената европска јагула.
-
Како боите на облеката го подобруваат расположението?
Носењето на облека и модни детали во специфична боја за да се чувствувате подобро е дел од трендот на „допаминско облекување“ или користење на облеката за подобрување на расположението.
-
Како Европа може да ја реши станбената криза?
Во тековниот мандат на Европската комисија (ЕК) се поставуваат големи очекувања за станбената политика.
-
Поради лошиот јавен превоз, во Куба со закон е задолжително земањето автостопери
Благодарение на посебен закон, државните возила имаат обврска да запираат и да примаат автостопери, додека приватните возачи често земаат патници, понекогаш и за мала надокнада. Ова правило важи на сите типови патишта, па автостоперите може да се сретнат по локалните улици, патишта, па дури и автопати.
-
Наскоро ќе имаме „паметни“ гуми кои ќе се прилагодуваат според условите на патот
Nokian Tyres го најавија следниот чекор во иновациите за пневматици – паметни гуми кои ќе се адаптираат на условите на патот. Очекувањата се дека првите вакви гуми ќе бидат достапни за купување до 2035 година.
-
Македонските градови во новогодишен блесок - Кој е „лидерот“ според Вас?
Новогодишна магија низ градовите во земјава!
-
Од пазар до паркинг – како дворовите во Шутка стануваат бизнис-зона?
Паркирањето во Скопје станува сѐ потежок предизвик, но во населбата Шуто Оризари, позната како Шутка, решението е блиску и достапно – изнајмување на приватни дворови како паркинг-простори.
-
Заспијте во Холандија, а разбудете се во Белгија: Во овој уникатен град, границата поминува низ куќите
Градот Барле во Европа е уникатен и различен од сите други градови во светот поради неговата необична позиција. Може да се случи, доколку некој објект има два влеза, да влезете од Холандија, а да излезете во Белгија. Или, да седите удобно во вашата фотелја, а телевизорот што го гледате да се наоѓа преку граница.
-
Ливањското сирење, првиот босански производ кој доби заштита од ЕУ
Ливањското сирење е додадено на списокот на производи со заштитен квалитет и традиција преку географската ознака на Европската унија (ЕУ), соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина на 12 декември.
-
Според Светска банка, потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање
Светската банка предлага три решенија за одржлив пензиски модел, насочени кон подобрување на состојбата со пензискиот фонд.
-
ПАРИЧНИ КАЗНИ ДО 3.000 ЕВРА: Работодавачите до крајот на годинава задолжително да го исплатат К-15
Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор.
-
600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево
Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ каде во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе се отворат 120 до 200 вработувања.
-
Цукерберг: „Телефоните исчезнуваат, доаѓа нешто ново“
Марк Цукерберг, извршен директор на Мета, тврди дека мобилните телефони ќе бидат заменети со нов производ. „Ќе биде како што се случи со компјутерите“, рече тој.
-
Италијанскиот град кој секоја зима се трансформира во голема друштвена игра
„Зого дел'Ока“ е традиционален настан во Мирано, Италија, кој се одржува секој ноември. Градот се украсува со постери на гуски, а кафаните служат колбаси и равиоли од гуска. На главниот плоштад се организира друштвена игра која привлекува многу посетители.
-
Се прошири листата на „новогодишната кошница“: Над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена
Интересот за учество на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ продолжува да расте, со зголемување на листата на производи од 650 на повеќе од 900 во само една недела