Vijest
-
Поради недостиг на работници продавниците во Чаршијата затвораат порано
Натписите „Бараме работници“ стојат залепени на сите деловните објекти а ги има и во дуќаните на Старата скопска чаршија. Поради недостиг на работници, во повеќето случаи продавниците во Чаршијата затвораат порано. Според првиот човек на чаршискиот еснаф, состојбата дополнително ќе се влошува зашто нема интерес за продолжување на занаетчиството.
-
Минимална плата во Белгија се зголемува на 2030 евра!
Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра.
-
Анталија, Бодрум, Хургада, Џерба...Ќе има сезонски чартер летови од Скопје до овие и други дестинации
Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија.
-
Младината веќе заминува на работа во Хрватска: Оваа сезона поголеми плати за работниците!
Голем број на млади лица од Македонија веќе заминаа на сезонска работа во Хрватска. Келнери, шанкери, готвачи, продавачи, собарки, хигиеничари, магацинери во поголеми маркети, се најчестите работни позиции кои им се нудат на нашинците покрај приморјето, но и во градови во внатрешноста на Хрватска.
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
Парламентот на Индонезија денеска одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
-
Грција ја зголемува минималната плата на над 800 евра
Денеска во Грција се најавува четвртото по ред зголемување на минималната плата, кое се очекува да надмине 800 евра и ќе стапи на сила од 1 април, соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис.
-
Дали знаете кое е најпосетуваното место на светот? Низ овој центар поминале 105 милиони луѓе
Сопствениците на Дубаи Мол тврдат дека ова е најпосетуваното место во светот во изминатата година откако во 2023 година дочекале рекордни 105 милиони посетители.
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 31.03.2024 (недела) со почеток во 09.00 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
-
Отворен ресторанот на Џејми Оливер во Белград - какви се цените?
Долго најавуваниот ресторан на светски познатиот готвач Џејми Оливер во Белград ги отвори вратите за гостите. Ексклузивниот ресторан во Белград на вода е дел од неговиот синџир ресторани под името Jamie's Italian, што укажува дека во ресторанот ќе се служи италијанска храна подготвена на начин на Оливер.
-
Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром
Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот.
-
Какаото достигна 10.000 долари! Сега е сигурно, цените на чоколадото ќе растат
Оваа недела какаото достигна цена од 10.000 долари за тон на берзите во Лондон и Њујорк, што е највисока во историјата, а рекордното покачување на цената може да влијае и на цените на чоколадото.
-
Еве колкаво зголемување ќе добијат пензионерите
Пензионерите во земјава со нетрпение го очекуваат најавеното мартовско зголемување.
-
Зошто често не можеме да се сетиме што сонувавме?
Науката има одговор на прашањето зошто некои луѓе не можат да се сетат на своите сништа. Една од причините зошто соништата може тешко да се запаметат е тоа што хемикалиите во мозокот поврзани со помнењето – норепинефрин – и електричната активност на мозокот која помага при сеќавањето, се на најниски нивоа кога сонувате.
-
За среќа и пари: Еве колку точно монети секогаш треба да имате во паричникот
Фенг шуи нуди интересни начини да привлечете среќа и богатство во вашиот живот со мали промени во секојдневниот живот.
-
Жена тврди дека ја одбиле на интервју за работа затоа што не се нашминкала
Жена од Њујорк тврди дека била одбиена за висока позиција бидејќи регрутерот мислел дека не вложила доволно труд за нејзиниот изглед.
-
Еве кои телефони ги поседуваат некои од најбогатите луѓе на светот
Ако многу познатите лица гравитираат кон „iPhone“, изгледа дека милијардерите – кои сочинуваат 1% од луѓето на светот – му даваат предност на „Android“, со неколку исклучоци. Порталот „Phone Arena“ составил листа од некои од најбогатите поединци на светот и навел кој телефон го користат.
-
Што би можел да има во ДНК-та музички гениј како Бетовен? Неговата ДНК открива нешто интересно за секој од нас!
Тоа е едно од најголемите прашања во науката: до кој степен сме дефинирани од нашата генетика? Новата анализа на ДНК на Лудвиг ван Бетовен, која покажува ниска предиспозиција за синхронизација на ритам, навестува дека можеме да постигнеме многу повеќе отколку што сугерираат нашите гени.
-
Проверувајте ги фискалните, еден производ може да ви го наплатат неколку пати
Внимавајте кога плаќате на каса во маркет колкава ви е сметката и редовно проверувајте ги фискалните, бидејќи често се случува да ви биде наплатено повеќе или некој производ да ви биде отчукан неколку пати.