Драстичен пад на бројот на првачиња: За 10 години 9.000 деца помалку
Актуелно

Драстичен пад на бројот на првачиња: За 10 години 9.000 деца помалку

8/25/2026

Бројот на првачиња во Македонија за една деценија е намален за речиси 9.000. Во 2016 година биле запишани 23.266 деца, а годинава досега околу 14.500. Уписите продолжуваат до крајот на септември.

Само во однос на лани, кога биле запишани 17.921 прваче, бројот е намален за повеќе од 3.000. Како главни причини се наведуваат нискиот наталитет и иселувањето на младите семејства.

Поради намалениот број ученици, годинава се очекува затворање на 26 подрачни училишта, а во основното образование веќе има околу 200 паралелки помалку. Учениците од малите училишта ќе се префрлаат во поголеми централни училишта, освен таму каде што тие се наоѓаат на повеќе од 15 до 20 километри.