Денес се одредува новата цена на горивата
Актуелно

Денес се одредува новата цена на горивата

7/27/2026

На својата редовна седница Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата.

Случувањата на Блискиот Исток и растот на цените на суровата нафта на светскиот пазар укажуваат на тоа дека денеска може да се очекува ново зголемување на цените.

Минатиот понеделник РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот се зголеми за шест а цената на бензините за три денари.

Викендов премиерот Мицкоски најави дека Македонија ќе остане земја со најевтини цени на горивата и дека Владата е подготвена да интервенира ако цените значително се зголемат.Од друга страна пак, опозицијата алармира на високи цени на горивата и бара мерки за ублажување на економските последици.