Во првите десет месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе во вредност од речиси 40 милиони евра. Најголем дел од увозот е од Бразил (46%), Италија (18,7%), но на третото место се наоѓа Косово со 8,8% од вкупниот увоз.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од Косово во овој период биле увезени околу 50 тони кафе по просечна цена од 287 денари за килограм, што е пониско од цената на кафето увезено од Бразил и значително пониско од италијанското кафе.Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 ден/кг, потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг
Овој податок отвора прашања, бидејќи Косово нема услови за одгледување кафе и не поседува плантажи. Оттука, станува збор за реекспорт, преработено, мешано или препакувано кафе, чиј вистински извор не е јасно видлив во статистиката.
Експертите посочуваат дека ваквиот увоз не мора нужно да значи понизок квалитет, но укажуваат на потребата од поголема транспарентност – од каде потекнува суровината, како е обработена и каков е нејзиниот квалитет пред да стигне до потрошувачите.
Во текот на 2024 година во земјава биле увезени над 7,2 милиони килограми кафе, што покажува дека Македонија е сериозен потрошувачки пазар, а прашањето за потеклото и квалитетот на кафето станува сè порелевантно за граѓаните.
