Ракунот што се опијани во продавница стана интернет-ѕвезда: Испил алкохол од 14 шишиња и собра 290.000 долари за животни
Актуелно

Ракунот што се опијани во продавница стана интернет-ѕвезда: Испил алкохол од 14 шишиња и собра 290.000 долари за животни

11/13/2026

Необична приказна од американската сојузна држава Вирџинија го привлече вниманието на јавноста, откако мал ракун провалил во продавница за алкохол, испил дел од пијалаците од дури 14 шишиња и бил пронајден онесвестен во тоалетот.

Животното влегло во продавницата без никој да го забележи, а неговата необична авантура завршила на прилично неочекуван начин. Вработените го пронашле како лежи на подот во тоалетот, очигледно под дејство на алкохол.

По интервенцијата, ракунот бил згрижен и набрзо се опоравил. Но, неговата приказна не завршила тука.

Фотографиите и приказната за малото животно брзо се прошириле на социјалните мрежи, каде што станало вистинска интернет-сензација. Неговата популарност била искористена и за добра цел – производи со неговиот лик помогнале да се соберат повеќе од 290.000 долари за локално засолниште за животни.

Така, ракунот кој направил хаос во продавница за алкохол на крајот станал неочекуван херој во собирањето средства за помош на животните.