Нови правила за патување во ЕУ -прво отпечаток од прст па после 20 евра
Актуелно

Нови правила за патување во ЕУ -прво отпечаток од прст па после 20 евра

8/11/2025

Комплетни информации за новите правила за патување во ЕУ од 2025 и 2026 година

Од октомври 2025, патувањата во Европската Унија ќе се променат со воведувањето на новиот Систем за влез/излез (EES). Овој систем, кој ќе се применува на границите на 29 земји членки на ЕУ, ќе ја промени начинот на кој патниците од земји надвор од ЕУ влегуваат во Шенген зоната.

Со започнувањето на EES, патниците ќе бидат задолжени да ги достават биометриските податоци (отпечатоци од прсти и фотографии) при првото влегување во земјите што го користат системот. Ако патник одбие да ги даде овие податоци, ќе му биде одбиен влез во земјите на Шенген зоната.

Но, ова не е единственото ново правило што се воведува. ETIAS (Европски систем за патнички информации и одобрување) ќе започне да се применува од последниот квартал на 2026 година. Овој систем ќе се однесува на патници од земји кои не бараат виза за влез во ЕУ.

Секој патник ќе мора да пополни онлајн апликација и да плати такса од 20 евра, наместо првично најавените 7 евра. Апликацијата ќе важи три години и ќе биде задолжителна за сите патници кои влегуваат во ЕУ без виза.

За да поднесете апликација, потребно е да имате важечки пасош, платежна картичка и лични податоци. Притоа, пасошот не треба да биде постар од 10 години и мора да има важност најмалку три месеци.

Воведувањето на EES во 2025 и ETIAS во 2026 се дел од напорите на Европската Унија да го зголеми нивото на безбедност на своите граници и да ја олесни мобилноста за патниците од земјите надвор од ЕУ. Ова значи дека патувањата во ЕУ ќе бидат побезбедни, но исто така и поадминистративни.