Кога овие активности се прават во друштво на колегите, се создава една супер атмосфера во која на одличен начин преку разни игри се гради доверба, се засилува комуникацијата и се создаваат заеднички спомени на кои секогаш се навраќаме со особено задоволство.
Дека Fashion Group е компанија која постојано се залага за своите вработени и посветува доволно време и значење на тим билдинг активностите, докажа и минатиот викенд кога преку одлична игра дополнително го зајакна својот тим во Крушево.
Тимот на компанијата помина два целосно исполнети денови во прекрасниот македонски град, каде поделен во групи ги освојуваше крушевските области и на интересен начин трагаше по скриеното богатство.
Токму креативните игри и специјалните задачи дополнително го зајакнаа тимскиот дух на вработените во Fashion Group и уште еднаш се уверивме во тоа дека кога се работи во тим, резултатите секогаш се извонредни.
Целосно подготвени и со уште поголема мотивација, тимот на Fashion Group продолжува напорно да работи и во новата сезона есен-зима за уште подобро искуство на нашите клиенти и одлични резултати!
Со овие иницијативи и тимски дружби, продолжуваме да градиме средина во која довербата, иновацијата и заедничкиот раст дополнително се зацврстуваат и истакнуваат.

.jpeg)
.jpeg)
.jpeg)
.jpg)