Речиси 13% од вработените не ја добиле септемвриската плата навреме
Актуелно

Речиси 13% од вработените не ја добиле септемвриската плата навреме

11/13/2026

Повеќе од 72.000 вработени во Македонија не биле опфатени со навремена исплата на целосната бруто-плата за септември, односно за нив не биле платени данокот на личен доход и социјалните придонеси во законскиот рок. Ова го покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП

Според објавените информации, обврска за исплата на септемвриската бруто-плата имале вкупно 74.782 работодавачи за 553.040 вработени лица. Сепак, до законскиот рок, 15 октомври, обврската ја исполниле 49.439 работодавачи, односно 66,11 проценти од вкупниот број.

Тоа значи дека 25.343 работодавачи не ја исполниле обврската навреме, а за 72.037 вработени, односно 13,03 проценти од вкупниот број, не биле навреме платени социјалните придонеси.

Од друга страна, за 481.003 вработени, односно 86,97 проценти, придонесите биле платени во законскиот рок.

Речиси половина од пријавениот ДДВ не бил уплатен навреме

УЈП објави податоци и за исполнувањето на обврските за данокот на додадена вредност (ДДВ). Навреме даночните пријави ги поднеле 98,5 проценти од месечните и 97 проценти од тримесечните ДДВ-обврзници.

Сепак, од вкупно пријавените обврски за ДДВ во износ од 5,578 милијарди денари, во законскиот рок биле уплатени 2,542 милијарди денари, односно 45,6 проценти од вкупниот износ.

Од УЈП потсетуваат дека навременото исполнување на даночните обврски е законска обврска на работодавачите и даночните обврзници.