ЛИДЛ отвора нови можности за кариера – Придружете се како Заменик Менаџер на маркет!
Анкети и истражувања

ЛИДЛ отвора нови можности за кариера – Придружете се како Заменик Менаџер на маркет!

3/14/2025

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Нивната успешна приказна започнува во 1973 година кога се отвори првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Нивната успешна приказна започнува во 1973 година кога се отвори првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.

ЛИДЛ, една од најуспешните и најбрзо растечките компании во малопродажниот сектор, продолжува да инвестира во Македонија, нудејќи одлични можности за работа и кариера. Како дел од глобална мрежа со повеќе од 12.200 маркети ширум светот, во 30 земји во Европа и во САД и над 376.000 вработени, ЛИДЛ се стреми да обезбеди квалитетни производи по најдобри цени, а во исто време да создаде одлични работни услови за своите вработени.

Сега, компанијата е во потрага по амбициозни и мотивирани Заменици менаџери на маркет од повеќе градови, кои ќе бидат клучен дел од тимот и ќе помогнат во успешното функционирање на маркетите во земјата.

Заменик менаџер на маркет
линк за повеќе детали и аплицирање

Што значи да се биде Заменик Менаџер на маркет во ЛИДЛ?

Замениците менаџери на маркет во ЛИДЛ им овозможуваат на потрошувачите уникатно искуство во пазарењето, по кое компанијата е препознатлива во над 30 земји. Како дел од тимот, тие имаат можност да се усовршуваат во успешно водење на тим кон заеднички цели, како и да придонесуваат за подобрување на активните процеси во маркетот.

Нивните одговорности вклучуваат организација на текот на работата, управување со нарачки, прием и залихи, сортирање и редење на производи, како и планирање на работното време. Заедно со менаџерот на маркет, тие работат на постигнување оптимални резултати и подобрување на целокупното функционирање на маркетот.

Кои ќе бидат твоите задачи?

  • Водење на вработените во отсуство на Менаџерот на маркет
  • Организација на текот на работа, делегирање задачи и спроведување на контрола
  • Креирање позитивна и мотивирачка работна атмосфера и соработка
  • Одржување на свежина, контрола на квалитет и редовна ротација на производи
  • Обработка на барања и поплаки од потрошувачи
  • Обезбедување достапност на залихи и управување со залихите
  • Спроведување на промени на цени и попусти и управување со готовина
  • Усогласеност со важечките закони и интерните регулативи

Каков треба да биде твојот профил? 

  • Завршено средно образование 
  • Претходно работно искуство во малопродажба е предност
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Ориентираност кон резултати и решавање на проблеми
  • Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
  • Подготвеност за обука и работа во странство во период од максимум 6 месеци

Што нуди ЛИДЛ?

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој – Можност за размена на искуства со колеги од 31 земја каде што постои Лидл на пазарот
  • Можности за обука во странство – Можности за континуиран личен и професионален развој
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура – Која го поттикнува и извлекува целиот потенцијал на вработените.
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени

* Оваа позиција вклучува обука во странство во период од максимум 6 месеци

Дали сте подготвени за нов предизвик?

Ако сте организирани, мотивирани и сакате да се развивате во успешна компанија, оваа можност е за вас! Не ја пропуштајте шансата да станете дел од ЛИДЛ – бренд кој не само што поставува високи стандарди во малопродажбата, туку и се грижи за своите вработени.

АПЛИЦИРАЈ СЕГА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ