Искуството на клиентите и вработените – супермоќта што ја обликува иднината на современите компании
Успешни бизнис приказни

Искуството на клиентите и вработените – супермоќта што ја обликува иднината на современите компании

4/17/2025

На 16-ти април 2025 година, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, се одржа Третата интернационална конференција за искуство на клиенти и вработени – CX & EX Conference ’25, во организација на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (MACEX). Настанот ги обедини водечките професионалци од регионот и пошироко, со цел да се дискутира за тоа како човечкиот фактор станува стратешка вредност и клучна предност на успешните компании.

Под темата „Човечкото искуство – супермоќта што ја води иднината“, конференцијата понуди инспиративни говори и актуелни дискусии за улогата на лидерството, дигиталната трансформација, емоционалната интелигенција и развојот на компаниите кои ги ставаат клиентите и вработените во сржта на својата стратегија.

Меѓу панелистите беше и г-ѓа Бјанка Катру, Директорот на Oдделот за Човечки ресурси и Финансии и Генерален Менаџер на М Брокер, која зборуваше за новите улоги на лидерите, за тоа како се балансира технолошкиот напредок со човечкиот фактор, и за тоа како компаниите денес треба да го мерат вистинскиот успех.

„Растот на компанијата денес не се гради само со бројки, туку со искуства. Клиентите очекуваат разбирање, автентичност и искрена грижа, а вработените бараат средина каде што ќе бидат слушнати и вреднувани. Нашата цел како лидери е да создадеме култура каде што секој се чувствува дел од заедничка визија,“ истакна Бјанка.

За тоа како се менува улогата на „Менаџерот” таа додаде:

„Менаџерот повеќе не е само стратег и носител на одлуки. Тој е мотиватор, пример и чувар на вредностите во компанијата. Во време кога очекувањата се менуваат со огромна брзина, лидерот мора да биде отворен, приспособлив и човечки насочен.“

На прашањето како се балансира технологијата со човечката комуникација, Катру објасни:

„Технологијата е наш сојузник – таа ни овозможува брзина и ефикасност. Но, токму човечкиот елемент е тоа што прави разлика. Во М Кеш и М Брокер, технологијата ја користиме за да ги ослободиме вработените од рутина и да им овозможиме да се посветат на значајното: иновации, комуникација и поврзување со клиентите.“

Во делот за идни KPI-мерки за успех, таа нагласи:

„Финансиските индикатори се важни, но не го кажуваат целиот успех. Мораме да измериме и доверба, ангажираност, емоционална поврзаност. Да следиме како се чувствуваат клиентите кога работат со нас, колку често не препорачуваат, и како вработените ја доживуваат својата улога во компанијата. Тоа се новите параметри на успех.“

На можеби и едно од најбитните и најактуелните прашања на со која што се соочуваат   компаниите во работењетео е прашањето , поврзано со внатрешната култура и задржувањето на таленти:

„Во време кога младите сѐ почесто менуваат работни места, како успевате да задржите талентирани вработени?“

На што Катру одговори:

„Културата на компанијата е тоа што задржува луѓе. Ние инвестираме во развој, слушаме идеи, даваме простор за раст и признавање. Луѓето не заминуваат од компанија што ги гледа, слуша и поддржува. Тие остануваат таму каде што се чувствуваат важни.“

Конференцијата опфати и актуелни теми како:

• Градење организација водена од страст кон клиентите,

• Психологија на однесување и лидерски предизвици,

• Човечкиот фактор и  искуството како конкурентска предност – согледувања од меѓународна сертификација.

Настапот на М Кеш на овој значаен настан уште еднаш ја потврди позицијата на компанијата како современ и иновативен лидер кој го става човекот во сржта на сè што прави – клиент, вработен, партнер.

ПР објава