Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со можност за утринска магла. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 16 степени, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Какво време нè очекува во наредните денови?
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Во понеделник и вторник, долж Повардарието на места ќе дува повремено засилен северен ветер.
Новите врнежи од дожд се очекуваат во петок и за време на викендот.
