Податоците покажуваат дека онлајн купувањето продолжува да расте побрзо од купувањето во физичките продавници. Особено голем интерес се очекува за облека, козметика, спортска опрема и електроника, при што најголемите скокови во продажбата традиционално се забележуваат за време на Black Friday и Cyber Monday.
Интересен тренд е и сè почестото купување во доцните вечерни часови. Во Шпанија речиси една четвртина од празничното онлајн купување се реализира по 20 часот, додека во Велика Британија овој удел достигнува 17% во празничниот период.
Вештачката интелигенција станува нов помошник при изборот на подароци
Промени има и во начинот на кој потрошувачите ги избираат подароците. Mastercard забележува дека луѓето кои користат платени AI алатки почесто ги концентрираат своите купувања на облека, козметика и производи за домот за време на Black Friday викендот.
Тие исто така почесто купуваат во последен момент, а накитот е меѓу популарните избори непосредно пред празниците. Од друга страна, потрошувачите кои не користат платени AI алатки почесто се насочуваат кон електроника на попусти.
Поголема потрошувачка се очекува и кај малите бизниси, особено кај продавниците за подароци, цвеќарниците, туристичките агенции, рестораните и организаторите на културни настани.
Кога станува збор за зимските патувања, европските туристи сè повеќе се интересираат за азиски дестинации. Пукет, Токио и Бангкок бележат раст на интересот, додека меѓу европските градови се издвојуваат дестинации во Полска, Италија и Братислава.
Од Mastercard посочуваат дека празничната сезона ќе биде обележана со поголема употреба на дигитални канали, купување во последен момент и интерес за патувања и искуства, покрај традиционалните подароци.
