Над 100.000 лица во Македонија работат неформално
Актуелно

Над 100.000 лица во Македонија работат неформално

9/7/2026

Над 100.000 лица во Македонија работат неформално, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вкупно 101.022 лица се евидентирани како неформално вработени, што е 7,2 отсто повеќе во однос на претходниот квартал.

Најголем дел од нив, односно 51.487 лица, работат во земјоделството, шумарството и рибарството, што претставува 51 отсто од вкупната неформална вработеност. Следува градежништвото со 17,2 отсто.

Во земјава биле регистрирани 708.698 вработени и 90.020 невработени, а стапката на невработеност изнесувала 11,3 отсто.

Неформално вработените сочинуваат околу 14,3 отсто од вкупниот број вработени, што значи дека приближно секој седми вработен е во оваа категорија.

Во неформална вработеност се вбројуваат работни ангажмани без формално регулиран работен однос, работа во нерегистрирани бизниси и одредени категории неплатени семејни работници.